Ерусалим: Суспендирани контактите со ЕУ за мировниот процес со Палестинците
Брисел смета дека изградбата на еврејските населби на западниот брег е илегална, што владата на Израел каегорично го отфрла...

Израелската влада ги суспендира контактите со функционери на ЕУ околу мировниот процес со Палестинците, како реакција на одлуката на Европската комисија за задолжително етикетирање на израелските производи, кои потекнуваат од еврејските населби на западниот брег.
Брисел смета дека изградбата на еврејските населби на западниот брег е илегална, што владата на Израел каегорично го отфрла. Израел ја осуди одлуката на Европската комисија како дискриминаторска и контрапродуктивна, а Унијата смета дека градењето населби на територии освоени во војната, го попречува мировното решение со постоењето две држави - Израел и Палестина.
