Кина: 10 жртви од труење со гас во фабрика за челик
30.11.2015 11:42
Властите соопштиле дека истекувањето на гасот било забележано доцна навечер во саботата, а отруени биле вкупно 17 луѓе, од кои 5 веднаш починале...

10 лица починале од труење со гас во фабрика за челик во Кина, а седуммина биле префрлени во болница. Властите соопштиле дека истекувањето на гасот било забележано доцна навечер во саботата, а отруени биле вкупно 17 луѓе, од кои 5 веднаш починале.
Се истражуваат причините за несреќата. Ова е најновиот индустриски инцидент во Кина каде што властите се под притисок за зголемување на безбедноста при работа по големата експлозија во хемиската фабрика во Тијанџин, во која загинаа најмалку 140 луѓе.
