АМЕРИТ: Превозниците да не прифаќаат превози од Турција за Русија
Камионите што превезуваат стоки со потекло од Македонија ја поминуваат границата. Од АМЕРИТ советуваат да не се прифаќаат превози од Турција за Русија и да се внимава при останатите превози...

Поради новонастанатата ситуација во односите помеѓу Анкара и Москва, камиони на македонски превозници кои транспортираат расиплива стока од Турција за Русија четврти ден стојат на граница и нема изгледи да ги пуштат, информираат од Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај – АМЕРИТ.
Камионите што превезуваат стоки со потекло од Македонија ја поминуваат границата. Од АМЕРИТ советуваат да не се прифаќаат превози од Турција за Русија и да се внимава при останатите превози, односно на потеклото на стоката која се превезува.
Според неофицијалните информации, што ги добивме од терен, сите возила, без оглед на нивната националност, кои што имаат започнато превози на стока од Турција за Русија и возилата, што се натоварени со стока со турско потекло, не им е дозволен истовар на руската територија. Со цел да се избегнат несакани проблеми, поради новонастанатата ситуација ве известуваме се додека не добиеме нови информации за состојбата на терен, да не прифаќате превози од Турција за Русија и да внимавате при останатите превози, на потеклото на стоката која се превезува, се вели во известувањето од АМЕРИТ до превозниците.
