Поради надоградба на електронскиот систем, Катастарот нема да прима барања утре и в понеделник

30.11.2015 12:21

Агенцијата за катастар на недвижности следејќи ги модерните трендови и современите информатички технологии ќе изврши надоградба на својот електронски систем со нови хардверски решенија кои се последен збор на технологијата...

Поради надоградба на електронскиот систем со нови хардверски решенија, Агенцијата за катастар на недвижности ги информира граѓаните и професионалните корисници (нотари, геодетски компании, извршители општини и др.) дека на утре 01.12.2015 како и на 07.12.2015 (понеделник) електронскиот шалтер како и шалтерите во Центарот за катастар на недвижност - Скопје како и одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија нема да бидат во можност да примаат барања како и да издаваат податоци.

Агенцијата за катастар на недвижности следејќи ги модерните трендови и современите информатички технологии ќе изврши надоградба на својот електронски систем со нови хардверски решенија кои се последен збор на технологијата. По надоградбите на електронскиот систем и хардвер, катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти, ќе се зголеми безбедноста на податоцитеиќе се подобри брзинатана решавањето на предметите и издавањето на податоците, стои во соопштението.