Јапонска помош за бегалците кои транзитираат низ Македонија и Србија
Грантот од 2,7 милиони долари опфаќа мерки за одржување на прифатните центри во Македонија и Србија, со грејна и друга опрема за зимски временски услови...

Владата на Јапонија одлучи да издвои 3 милијарди јени (околу 2,7 милиони американски долари) како неповратна помош, преку УНХЦР за мерки за заштита на бегалците во Македонија и Србија од зимски услови, соопштуваат од канцеларијата за врски на Јапонија во земјава.
Одлуката е донесена како одговор на апелот на УНХЦР за поддршка на планот за бегалската криза во Европа во зимски услови. Грантот опфаќа мерки за одржување на прифатните центри во Македонија и Србија, со грејна и друга опрема за зимски временски услови.
Ова е втора помош од Јапонија наменета за бегалците во Македонијѓа и Србија, откако во септември додели речиси 2 милиони долари неповратна помош.
