Полициски Алфи го добија заслужениот статус
„Алфите“ се преименуваат во Единица за прв одговор и интервенција
Нови решенија за полициските Алфи кои се преименуваат во Единица за прв одговор и интервенција. Статистиката покажува дека имаат голема заслуга вo намалувањето на криминалните дејствија во градот – за деветгодишното постоење привеле над 17 илјади прекршители на законот.

„Силата не доаѓа само од статусот или од победите, туку таа се гради низ секојдневните битки и пречки со коишто се соочувате. Сите вие што ќе ги добиете денеска решенијата свесни сте дека би било апсурдно да ви посакам да имате лесна работа. Ќе ви посакам да бидете силни и да продолжите да ги браните интересите на граѓаните на Република Македонија“- Гордана Јанкулоска – министерка за внатрешни работи
Последниот предизвик на Алфите беше вчера, кога само по неколку минути го лоцираа и го приведоа убиецот на таткото и синот во Чаир, кој со себе имаше и оружје.
Од 2005-тата кога беа формирани Алфа тимовите до денес, тие се грижат за безбедноста на граѓаните. За нивната храброст и посветеност тие го добија статусот кој одамна го заслужија.
Наташа Гркова-Петрушевска
Снимател:Светозар Ристов