Ирак: Армијата ги повика цивилите да го напуштат Рамади
30.11.2015 13:21
Се уште не е официјално потврдено дали ирачките власти ќе ја почнат долгоочекуваната операција за враќање на контролата во главниот град на провинцијата Анбар...

Ирачката армија ги повика цивилите да го напуштат градот Рамади, којшто е под контрола на Исламска држава, што посочува на тоа дека наскоро може да почне операција за враќање на контролата врз градот.
Се уште не е официјално потврдено дали ирачките власти ќе ја почнат долгоочекуваната операција за враќање на контролата во главниот град на провинцијата Анбар.
Меѓународната коалицијата, предводена од САД, во саботата изврши седум напади врз ИД во близина на Рамади.
