САД: Турција да го затвори делот од границата со Сирија

30.11.2015 13:35

Британски „Индепендент“ пишува дека со потполно затворање на границата меѓу Турција и Сирија би и се задал сериозен удар на терористичката организација, која во изминатите три години оттаму превела десетици илјади исламистички доброволци...

САД бараат од турција да затвори околу 90 километри од својата граница со Сирија, што е единствената преостаната точка на минување што ја користат милитантите од Исламска држава.

Британски „Индепендент“ пишува дека со потполно затворање на границата меѓу Турција и Сирија би и се задал сериозен удар на терористичката организација, која во изминатите три години оттаму превела десетици илјади исламистички доброволци.

По нападите во Франција, Вашингтон јасно и стави на знаење на Турција дека повеќе нема да ги прифаќа тврдењата на Турција дека не може да го затвори преостанатиот дел од границата кој Исламска држава и натаму го користи.