СЈО: Да се донесе законот за јавнообвинителска служба

30.11.2015 14:49

Од тимот на Катица Јанева велат дека Законот е неопходен за работата на обвинителството, бидејќи со него се уредувале начинот на вработување и статусот на стручниот, истражителскиот и на административниот кадар и оти без него работењето ќе биде значително отежнато...

Јавното обвинителство за гонење кривични дела, поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, бара итно да се донесе законот за јавнообвинителска служба.

Од тимот на Катица Јанева велат дека Законот е неопходен за работата на обвинителството, бидејќи со него се уредувале начинот на вработување и статусот на стручниот, истражителскиот и на административниот кадар и оти без него работењето ќе биде значително отежнато.

Од обвинителството велат, секој кој поседува материјали од незаконско следење на комуникации е должен да ги предаде материјалите.