Самит за климатски промени

Иванов на средби со Обама и Меркел на маргините на КОП21

30.11.2015 15:05

Во француската метропола самит на земјите- членки на Обединетите Нации за климатските промени. Македонската делегација ја предводи шефот на државата Иванов, кој ќе се обрати на главната сесија. На маргините на конференцијата, македонскиот претседател оствари средба со американскиот претседател Обама и со германската канцеларка Ангела Меркел...

Самитот за климата КОП21 кој се одржува во Бурже крај Париз, е одлична прилика за билатерлани средби. Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов така имаше средба со претседателот на САД Барак Обама, на кој му порачал дека  кој Македонија треба веднаш да стане полноправна членка на НАТО.

Откако двајцата претседатели разговарале за интеграциите на Република Македонија во НАТО, Иванов притоа му порачал на порачал дека ситуацијата со Македонија се уште е стаус кво, и дека нема никаква статусна промена во однос на НАТО.

Претседателот Иванов мешу другото имаше средба и со германската канцеларка Ангела Меркел. Тие размениja мислења за актуелната мигрантска криза, безбедносните предизвици и состоjбата со европската интегр‎ациjа на Македониja.

Иванов укажа дека Македониja инсистира на мисиja на Фронтекс на jужната граница, а обрна внимание и на недостатокот од директна комуникациja помегу македонските и грчките институции, на секое потребно ниво.

Македонскиот претседател потцрта дека е нужно Македониja конечно да започне со преговори и акцентираше дека кризата jacно укажува дека земjите од Западниот Балкан требаше одамна целосно да бидат интегрирани во ЕУ.

За самата конференција, францускиот претседател Франсоа Оланд на отворањето на КОП21, ги повика светските лидери да пронајдат „обврзувачки договор“, наспроти позициите на САД кои не сакаат еден текст кој е правно обврзувачки.

„Добрите чувтсва, декларациите и намерите не се доволни. Ние сме на работ од точката на расцеп, Париз треба да биде појдовна точка за една длабока промена“, предупреди Франсоа Оланд, домаќинот на КОП21.

Американскиот претседател Барак Обама, од своја страна ги повика лидерите од целиот свет „да бидат на висината“ на влоговите кои ги поставува затоплувањето на климата на нашата планета, Претседателот на вториот по големина загадувач со гасови со ефект на стаклена градина, исто така оцени дека нема конфликт меѓу развојот и заштитата на природата.

За безбедноста на околу 24.000 учесници на конференцијата и околу 3.000 новинари се грижат на 15.000 приопадници на француските безбедносни сили.

Тони Гламчевски, постојан дописник од Франција за МРТ