Виртуозниот Рони О, Саливен
Онака како што го започна... надмоќно, резултатски супериорно снукер-великанот Рони О, Саливен го заврши 40-от Мастерс. Суверено тој владееше во финалната сеанса, со 10:4 го совлада големиот ривал Марк Селби. Во харизматичниот снукер простор на „Александра Палас“ во Лондон , О,Саливен го одигра 10-то свое финале, со петтата освоена титула стана рекордер во историјата на Мастерс турнирите.

Онака како што го започна... надмоќно, резултатски супериорно снукер-великанот Рони О, Саливен го заврши 40-от Мастерс. Суверено тој владееше во финалната сеанса, со 10:4 го совлада големиот ривал Марк Селби. Во харизматичниот снукер простор на „Александра Палас“ во Лондон , О,Саливен го одигра 10-то свое финале, со петтата освоена титула стана рекордер во историјата на Мастерс турнирите. Иако веќе 38-годишен, О,Саливен во изминатите денови играше во брилијантна форма.Со 6:0 во ¼ финалето го елиминира Рики Волден, со 6:2 во 1/.2 финалето го надигра Стив Мегваер, многу рано поведувајќи дури со 7:1, на Марк Селби не му остави ниту малку победничка надеж во финалето.
После 5 години кристалниот трофеј одново се најде во рацете на виртуозниот Рони О,Саливен заедно со победничкиот чек, вреден 200 илјади фунти.
