Маестро Борјан Цанев, гостин диригент со симфонискиот оркестар на Црна Гора
30.11.2015 15:10
Солист на концертот е Катрина Седеркенји на харфа од Австрија, а на програмата се: увертирата „Свадбата на фигаро“ од В.А. Моцарт, Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“ од Х. Родриго, како и Симфонијата бр. 103 од Ј. Хајдн...

Македонскиот истакнат диригент Борјан Цанев, вечерва настапува како гостин со Црногорскиот симфониски оркестар. Солист на концертот е Катрина Седеркенји на харфа од Австрија, а на програмата се: увертирата „Свадбата на фигаро“ од В.А. Моцарт, Концертот за гитара и оркестар „Аранхуез“ од Х. Родриго, како и Симфонијата бр. 103 од Ј. Хајдн
Концертот ќе се одржи на големата сцена на Црногороско народно позориште.
