Селектирани најдобрите пет бизнис планови
Доделени ваучерите за најдобрите пет бизнис- планови. Првата награда е 330 илјади денари. Проектот на Министерството за економија е со цел поттикнување на претприемничкиот дух кај младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за почнување сопствен бизнис. На конкурсот пристигнала 21 апликација...

По пет години младиот Мартин Димовски почнува сопствен бизнис. Тој е еден од оние чии бизнис – планови беа наградени на отворениот конкурес за поддршка на иновативноста. Неговиот план е за интегриран електронски бизнис. Овој млад претприемач порача дека младите сами треба да ги создаваат своите можности, новите
Организираниот бизнис натпревар ја развива свеста кај студентите за новите вредности на пазарниот систем и потребата од бизнис планови, вели министерот за економија Незири.
Новите идеи и иновации значат напредок во науката и стопанството. Концетрирањето на интелектуални, творечки и научни сили има своја цел во европската интеграција.
На конкурсот пристигнале 21 апликација, за најдобриот бизнис план ќе се доделат 330 илјади денари, но значителна финансика поддршка има и за другите наградени.
Дијана Ценевска
