Случајот „Пуч“ во фокусот на пратеничките прашања

30.11.2015 16:49

Премиерот Груевски му порачува на пратеникот Мисовски, одговор за странските служби и масовното прислушување да побара од екс-разузнавачот Верушевски. Мнозинството очекува ефикасна истрага за наводното фалсификување лични карти...

„Верушевски треба да Ви каже која странска служба стои зад масовното прислушување“ - ова беше одговорот на премиерот Никола Груевски на пратеничкото прашање на Горан Мисовски поврзано со случајот „Пуч“. Го упати на судскиот процес каде што ќе се дознае вистината. 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски потврди дека доставените 100 лични карти се фалсификат. Според него, истрагата треба да покаже кој ги фалсификувал исправите и за која цел.

Мнозинството очекува што побрзо завршување на истрагата со цел, како што рекоа, да се тргне сомнежот за наводно фалсификување 30 илјади лични карти и наводни манипулации во изборниот процес.

 

Игор Панов