Мерката за вработување млади дава резултати
Мерката за вработување млади луѓе до 29 години, која се реализира во партнерство со домашниот приватен сектор, дава резултати. Досега се отвориле 10.750 работни места. Работодавците, ако вработат невработени млади на полно работно време, се ослободуваат од плаќање придонеси во рок од една година...

10.750 работни места се отворени преку мерката за вработување на млади до 29 години. Приватната компанија од Штип преку оваа мерка има вработено 151 работник. Сопственикот на команијата, Кире Гогов е задоволен од бенефициите од за вработување на млади.
„Дел од овие средства што државата ги нуди за приватните компании како ослободителни ги искористивме за инвестиции и зголемување на платите на вработените“, рече Кире Гогов, сопственик на команија.
Фирмата една година е ослободена од плаќање на социјални придонеси и персонален данок, средства може да ги намени за развој на бизнисот. Единствената обврска е дополнително да ги задржи вработените на работа уште една година.
„Преку овој проект на Владата на Република Македонија на ниво на државата досега се имаат вработено 10.750 млади лица во околу 5.200 приватни компании. Оваа мерка за вработување млади лица продолжува да трае до средината на март 2016 година“, изјави Диме Спасов, заменик-министер за труд и социјална политика.
„Штипскиот бизнис знае да реагира на добрите политики и стимулациите што ги дава Владата“, вели Илчо Захариев, градоначалник на Штип.
Надлежните апелираатприватни компании да ги искористат поволностите на оваа мерка и да заштедат за отворање нови работни места.
Наташа Јанчиќ
