Kрсте Велкоски потпиша за Сараево

20.01.2014 13:02

Работнички останува без својот најдобар стрелец оваа сезона. Крсте Велкоски е нов играч на ФК Сареаево каде што треба да остане 2,5 години. Офанзивецот кој со 14 гола е втор голгетер во нашето првенство, денеска е официјално претставен како големо засилување во нападот на актуелниот вицепрвак на Бих и двократен шампион на оваа земја. Сараево оваа сезона е во рамноправна трка за домашната титула со големиот градски ривал  Железничар кој по 19 кола е лидер на табелата во Премиер лигата на Бих со два бода предност.   

Велкоски треба да биде замена за српскиот интернационалец Никола Комазец  кој направи трансфер во јужнокорејскиот тим Бусан а  на 18 натпревари за Сараево постигна 14 гола. Крсте Велкоски за Работнички има одиграно 73 натпревари на кои постигнал вкупно 21 гол а во својата кариера настапувал и за Металург, за романската екипа Кехлул Пјатра и за кипарски Енозис Паралимни.