Заврши жетвата на оризот

01.12.2015 10:16

Оризарите и покрај лошите временски услови успеаја да ја завршат жетвата до крај. Годинава приносите се задоволителни и се очекува род од скоро 24.000 тони оризова арпа.

Жетвата на оризот заврши. Дури се собра и родот од поплавените површините од обилните врнежи.

Просечните приноси се од 5.600 до 5.800 килограми од хектар. Од насеаните 4.300 хектари во Кочанско ожнеани се 24 илјади тони оризова арпа, што е во рамките на очекувањата.

Сепак тешко се спроведува договореното пред жетвата меѓу земјоделците и откупувачите цената да биде  25 денари за килограм арпа и 50 денари за бел ориз.

Откупот се одвива инцидентно, а килограм бел ориз  се плаќа по 48 денари.

Методија Трајков