Светски ден на борба против ХИВ/СИДА
01.12.2015 10:37
Со ХИВ вирусот во светот живеат околу 35 милиони луѓе, за петина повеќе отколку пред 10- тина години...

Денеска се одбележува Светскиот ден на борба против ХИВ/СИДА. Со ХИВ вирусот во светот живеат околу 35 милиони луѓе, за петина повеќе отколку пред 10- тина години.
Од нив во Европа живеат два ипол милиони заразени, а секој трет не знае дека е носител, предупредуваат експертите на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА.
Под мотото „Сите сме дел од промената“, здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – „Заедно посилни- Скопје“ организира добротворен настан.