Ердоган ја понуди својата оставка ако се докажат обвинувањата на Русија
По настаните поврзани со соборувањето на рускиот бомбардер, претседателот Ердоган ја понуди својата оставка ако се докажат обвинувањата на Русија...

Владата на турскиот премиер Ахмед Давутоглу ја доби довербата на парламентот и поддршка за нејзината програма. Сепак, по настаните поврзани со соборувањето на рускиот бомбардер, претседателот Ердоган ја понуди својата оставка ако се докажат обвинувањата на Русија.
„Турција не е толку нечесна да купува нафта од терористи“ – одговори на обвинувањата што ги изнесе рускиот претседател Путин дека авионот бил урнат за Анкара да ја заштити трговијата со нафта со Исламска држава.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека според докази од турски и од руски извори, рускиот авион го нарушил турскиот воздушен простор.
