Британскиот парламент утре ќе гласа за приклучување кон воздушните напади против ИД

01.12.2015 11:32

„Ќе се потрудиме да имаме долга и опсежна дебата“, изјави премиерот Дејвид Камерон...

Британскиот парламент во среда ќе гласа за приклучување кон воздушните напади против Исламска Држава во Сирија. „Ќе се потрудиме да имаме долга и опсежна дебата“, изјави премиерот Дејвид Камерон.

„Верувам дека имаме растечка поддршка и убедлив случај во парламентот да одговориме на повиците на сојузниците и да дејствуваме против ИДИЛ во Сирија и во Ирак“, изјави Дејвид Камерон, премиер на Велика Британија.

Претходно, главната опозициска Лабуристичка партија одлучи нејзините пратеници да гласаат според својата совест и да се спротивстават на влегување во воената акција. Експертите толкуваат дека Камерон очекува да го добие мнозинството пратенички гласови.