МВР: За 24 часа издадени 2.195 потврди за азил

01.12.2015 11:38

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–984, Сирија-629, Ирак-582...

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.195 странски државјани, од кои 1.020 се од машки пол, 454 се од женски, 607 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 114 деца кои патуваат без родител, соопшти МВР. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–984, Сирија-629, Ирак-582.

Досега издадени се потврди на вкупно 294.928 странски државјани, од кои, 169.848 се од машки пол, 46.270 се од женски, 63.076 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.734 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-174.814, потоа Авганистан-70.893, Ирак-27.783, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.