Партиите предложија кандидати за членови на ДИК
Виолета Дума, актуелен член на ДИК и Игор Милев се предлози на СДСМ, Силвана Бонева и Сашо Срцев, исто така актуелен член на ДИК се предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедредин Ибраими од ДПА исто така актуелни членови на највисокото изборно тело во државава...

Четирите најголеми парламентарни партии до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Зоран Илиоски ги доставиле предлозите за членови на Државната изборна комисија.
Виолета Дума, актуелен член на ДИК и Игор Милев се предлози на СДСМ, Силвана Бонева и Сашо Срцев, исто така актуелен член на ДИК се предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедредин Ибраими од ДПА исто така актуелни членови на највисокото изборно тело во државава.
Имињата на експертите што треба да бидат членови на комисијата се очекува да бидат познати за два дена. На јавниот оглас беа пријавени 52 кандидати, 12 како претставници на политичките партии и 40 кандидати како експерти. Тројца кандидати се пријавија по двата основа.
ДИК ќе брои 9 члена, а претседателот и потпретседателот ќе се избираат од редот на експертите. Се очекува в петок на собраниска седница, да се изгласа новиот состав на Државната изборна комисија.
