Ново продолжение на седницата на Aнкетната комисија

01.12.2015 12:09

Според претседателот на комисијата Шилегов, координациите даваат резултат и како што вели 99 проценти од ставовите се усогласени...

Попладнево закажано новото продолжение на седницата на Aнкетната комисија за прислушувањето за деловникот.

Според претседателот на комисијата Шилегов, координациите даваат резултат и како што вели 99 проценти од ставовите се усогласени.

Не одговори кои се спорни членови во деловникот, но двојниот решавачки глас на претседателот на комисијата, директниот пренос на собранискиот канал од седниците и времетраењето и начинот на испрашувањето на сведоците се камен на сопнување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.