Богов: Партиите да не ги мешаат банките во нивните политички битки
01.12.2015 12:22
Според Богов, политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија...

Политичките партии да не ги мешаат банките во своите политички битки – вакво предупредување попладнево испрати гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов.
Според Богов, политичките притисоци врз банките се недозволиви и неспоиви со пазарната економија, а имајќи предвид дека најголем дел од банките се во странска сопственост, политичкиот притисок може да има катастрофални последици врз перцепција за деловниот амбиент и врз нивните планови – предупредува гувернерот.
Од Народната банка потсетуваат дека деловните банки имаат целосни слобода и право самите да одлучат каде ќе ги пласираат своите ликвидни средства, согласно со својата деловна политика.
