Давутоглу бара смирување, Русија не попушта

01.12.2015 13:09

Сепак, порача, не може да се прикрие нарушувањето на турскиот воздушен простор со неосновани обвинувања против Турција...

Турскиот премиер Давутоглу повторно се обрати до Москва да ги рестартираат односите меѓу двете земји. Сепак, порача, не може да се прикрие нарушувањето на турскиот воздушен простор со неосновани обвинувања против Турција.

„Повторно апелираме до Русија, да ги отвориме воените канали за да спречиме слични инциденти во иднина. Да ги отвориме дипломатските канали, да разговараме и да спречиме кризи од поголеми размери“, изјави Ахмед Давутоглу, премиер на Турција.

Претседателот Ердоган ја понуди својата оставка ако се докажат обвинувањата на рускиот претседател Путин дека Турција го соборила бомбардерот Сухој 24 за да го одржи шверцот на нафта со Исламска Држава.

„Турција не е толку нечесна да купува нафта од терористи“ – одговори Ердоган. Русија тврди дека има и други докази дека ИДИЛ транспортирала нафта преку Турција.