Германија праќа воена поддршка во Сирија
Разузнавачки авиони Торнадо, поморска фрегата и 1.200 војници ќе бидат пратени во регионот, но нема да се вклучуваат во борбите...

Германската влада поддржа праќање воена поддршка во борбата против Исламска Држава во Сирија. Разузнавачки авиони Торнадо, поморска фрегата и 1.200 војници ќе бидат пратени во регионот, но нема да се вклучуваат во борбите. Одлуката е донесена на барање на францускиот претседател Оланд по терористичките напади во Париз, а треба да ја одобри парламентот. И Британскиот парламент утре ќе гласа за приклучување кон воздушните напади во Сирија.
„Верувам дека имаме растечка поддршка и убедлив случај во парламентот да одговориме на повиците на сојузниците и да дејствуваме против ИДИЛ во Сирија и во Ирак“, изјави Дејвид Камерон, премиер на Велика Британија.
Претходно, опозициските лабуристи одлучија нивните пратеници да гласаат според својата совест и да се спротивстават на влегување во воената акција.
