Успешна мисија на македонските мировници
156 македонски мировници денеска безбедно се вратија на скопскиот аеродром . Инаку ова е 15- та ротација.
Совесно, гордо и достоинствено ги реализиравме сите задачи што ги постави главната команда – рекоа мировниците по враќањето во земјава.. Потврда за тоа, според Потполковник Боро Латковски, се и многуте пофалби и благодарници.
Нашите војници , од овој контингент во најдобро светло го претставија макеедонскиот војник пред сите останати земји што учествуваа во Мисијата ИСАФ, изјави командантот Потполковник Боро Латковски.

Стекнавме многу добро искуство за натаму, за зачувување на мирот и стабилноста на Авганистан рече Постариот водник Ирена Лековска.
Военото аташе на Велика Британија ја поздрави поддршката штоја дава Македонија за мисијата ИСАФ и повика повторно заедно да го чуваат мирот и безбедноста во Авганистан..Мировниците на скопскиот аеродром ги пречека министерот за одбрана Талат Џафери.
Ја искористивме можноста уште на аеродром на војниците да им ја соопштиме одлуката на Владата односно активностите на Министерството за одбрана за предложените измени на законот за служба во Армијата со кој се овозмоува професионалните војници по навршените 45 години возраст, дел од нив да продолжат со работа во Армијата односно Министерството изјави Министерот Талат Џафери на пречекот на војниците.
Македонија продолжува со учеството во мировната мисија. На почетокот на овој месец нови 150 мировници ја почнаа 16. Ротација.
Лидија Чакар