Уапсени четворица косовски исламисти
01.12.2015 13:27
Според италијански медиуми, тројца се приведени во Италија, а четвртиот кој се смета за шеф на групата е уапсен во Косово...

Четири луѓе со потелко од Косово се приведени во антитерористичка акција на италијанската и косовската полиција. Според италијански медиуми, тројца се приведени во Италија, а четвртиот кој се смета за шеф на групата е уапсен во Косово.
За време на акцијата се извршени истовремени проверки во Бреша, Виченца и Перуџа. Приведените се осомничени за учество во терористички активности и ширење екстремистичка пропаганда.
