Пекинг се гуши во смог

01.12.2015 13:32

Училиштата имаат наредба да не ги пуштаат учениците надвор, фабриките да го прекинат производството, а камионите да се тргнат од патиштата...

Пекинг се гуши во смог – нивото на загадување е 35 пати поголемо од максимално дозволеното според СЗО.

Училиштата имаат наредба да не ги пуштаат учениците надвор, фабриките да го прекинат производството, а камионите да се тргнат од патиштата.

Причина е јагленот што се користи во индустријата, но и во приватните домови.