ЕК: Ние поддржуваме слобода на медиумите
01.12.2015 14:11
Нема да коментираме индивидуални изјави, но знаете добро дека ние ја поддржуваме слободата на медиумите, рече портпаролката на ЕК, Коцијанчич...

За Брисел „слободата на медиумите е најважна“ – ваква реакција стигна од Европската унија по изјавата за медиумите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Нема да коментираме индивидуални изјави, но знаете добро дека ние ја поддржуваме слободата на медиумите и ние работиме со многу земји во светот, вклучително и со БЈР Македонија за ова прашање. Исто така, ја знаете последната состојба, бидејќи ја презентиравме во прогрес-извештајот“, посочи портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.
