Годинава 28 инфицирани со ХИВ вирус

01.12.2015 14:57

Најголем број од заболените се лица од машки пол и се заразиле преку хомосексуален пат...

28 нови случаи со ХИВ инфекција се регистрирани годинава во земјава, a едно лице е починато со напредна ХИВ инфекција. Најголем број од заболените се лица од машки пол и се заразиле преку хомосексуален пат.

Од 1987 година кога е регистриран првиот заболен, досега со ХИВ/СИДА во Mакедонија се евидентирани 270 случаи. Раното откривање на инфекцијата е значајно бидејки ефикасноста во лекувањето со антиретровирусна терапија е поголема.

Се смета дека во светски рамки 137 милиони луѓе живеат со ХИВ.