Усвоен деловникот за работа на Анкетната комисија за прислушувањето
По една недела консултации, усвоен деловникот за работа на анкетната комисија за прислушувањето. Првичниот член за таканаречен двоен глас на претседателот на комисијата, модифициран. Нема двоен глас за претседателот. В четврток нова седница, до кога претеничките групи треба да достават предлог-програма за работа и да достават листа со тројца сведоци. Седниците на Анкетната јавни со директен пренос на собранискиот канал...

За предлог деловникот за работа на Анкетната комисија за прислушувањето гласаа сите членови освен од ДПА, кои се воздржаа. Еднонеделните консултации вродија со плод. Испеглани разликите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за таканаречениот двоен глас на претседателот. Ставот модифициран.
„Гласањето на претседателот е решено со двојно гласање. Во случај да дојде до нерешено или поделено гласање на членовоте на Комисијата се закажува нова сесија на гласање со дополнителни консултации и усогласувања. Се става точката повторно на гласање, доколку не се успее да се постигне согласност резултатите од второто гласање ќе бидат резултати коишто ќе важат“, изјави Шилегов.
Доколку и во второто прегласување за предлог одлуката има ист број гласови за и против, се смета дека таа не е усвоена. Очекувањата се дека комисијата ќе го почитува рокот за подготовка на извештајот. Се најавува забрзана динамика на работа.
„Ќе гледаме да работиме со што е можно поширок консензус за да можеме да стигнеме со добри препораки за да не се повтори во друг случај кој било да злоупотреби прислушување како метод за нарушување на безбедносен, политички и економски систем на стабилност во државата“, изјави Милошоски.
В четврток нова седница на Анкетната, до кога пратеничките групи треба да достават предлог програма за работа и листа со тројца сведоци.Три прашања од пет минути и исто толку време за одговор,стои во деловникот. Се остава простор и за вкрстено сослушување. Анкетната, извештајот за работата со препораките треба да го подготви најдоцна до крајот на јануари.
Милчо Велески
