Засадени млади садници во Петровец

01.12.2015 16:44

Во пресрет на 16-та есенска акција „Денот на дрвото-засади ја својата иднина“, Министерството за надворешни работи заедно со дипломатскиот кор во Македонија, денеска засадија млади садници во Општина Петровец, во кругот на јавното претпријатие „Јасен”. Како и сите досегашни акции, Министерството за надворешни работи во целост ја поддржува и оваа акција која годинава се одвива под мотото „Засади успех“...

Дипломатскиот кор и МНР во заедничка акција за заштита на човековата средина.  Амбасадорите на Словенија, Италија, Бугарија, Кина, Унгарија , претставници од мисијата на НАТО и наши дипломати во Општина Петровец пред утрешниот „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“ го раззеленија кругот на јавното претпријатие „јасен” со нови, млади садници. Под мотото „Засади успех“ се спроведува 16 –тата есенска акција на унапредувањето на шумскиот фонд во земјава. Од граѓанското здружение „Ден на дрвото“ велат: „Ние и досега засадувавме успех и во тоа успеавме со 60 насто зафатени садници.“

Од општината велат за утре се планираат околу 3.000 садници. Учениците, невладините и спортските организации, општинската администрација се вклучуваат уште еднаш во оваа традиционална акција.

Масовното пошумување на Македонија преку акцијата „Ден на дрвото“ почна со иницијативата на маестро Борис Трајанов и група ентузијасти во 2008-та година.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска