Продадени државни хартии во вредност за 73 милиони евра
Министерството продаде државни хартии од вредност за 73 милиони евра. Аукцијата беше успешна. Учествуваа банки, фондови, штедилници, осигурелни компании. Банкарите велат – имаме своја деловна политика. Купување државни хартии, но и го кредитираме стопанството и граѓаните...

Банки, но и осигурителни компании, пензиски фондови, штедилници купија државни хартии од вредност за 73 милиони евра. Откако ДИК го отфрли ветото на Кире Наумов, се одржа најавената аукција за продажба на државни записи и обврзници. Министерството ја оцени како успешна.
„Со реализацијата на аукцијата се обезбедуваат ликвидни средства за исплати кон стопанството и граѓаните, како што и беше планирано со Буџетот за 2015-та година“ – велат од Министеството за финансии.
Од Минстерството велат дека ваквото работење е редовна практика. Само месецов по основ на стари, доспеани хартии од вредност, државата ќе им врати на банките 84,6 милиони евра. Од ресорот велат – одговорно управуваме со јавните финансии, со банките и стопанството имаме партерски односи. И покрај отворените закани на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, банките на денешната аукција одговорија со вообичанениот интерес, согласно своја деловна политика, не потклекнаа на политички притисоци.
„Се водиме од сопствена бизнис логика. Банките излегуваат на пазарите, ги купуваат овие хартии од вредност за управување со своите ликвидносни позиции, за управување со задолжителната резерва, за да остварат профит. Банките своите краткорочни средства постојано ги вложуваат во хартии од вредност. Банкит активно купуваат бидејќи гледаат бизнис цел со прифатливи камати “ - изјави Гордана Балтовска, член на УО на банка.
„На пример, ние имаме лимити на ниво на Групација и на ниво на Република Македонија. Активностите за купување државни записи зависат од нивото на ликвидноста и од нивото на капиталот на банките. Сепак, наша приоритетна цел е да инвестираме во кредити на стопанството и на населението, бидејќи извор на нашите средства се депозитите од населението и од претпријатијата“ – изјави Глигор Бишев, директор на банка.
3- месечните држави записи беа со камата од 1,35%, 6-месечните со 2,10%, 1-годишните со 2,5%, 10 годишните обврзници со 3,80%, а 15 годишните обврзници со камата од 4 проценти.
Мартин Пушевски
