Македонија останува партнер на НАТО, продолжува учеството во „Одлучна поддршка“

01.12.2015 17:35

Македонија останува партнер на НАТО и македонските војници ќе продолжат со членство во мисијата „Одлучна поддршка“. Ваква одлука беше донесена на редовниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел, на кој учествуваше и министерот Попоски...

Македонските војници остануваат во Авганистан во рамките на мисијата „Одлучна поддршка“, која има за сел да го стабилизира регионот и со тоа директно да влијае на мигрантската криза – ова беше одлучено на денешниот редовен состанок на министрите за надворешни работи на Северно- атланскиот совет на НАТО- изјави македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Попоски.

„Остануваме со истотот присуство во текот на следната година. Значајна беше дискусијата околу стабилизацијата на ситуацијата во Авганистан, особено во услови во кои граѓаните на Авганистан се втора најголема група по сириските граѓани во оној бран од над половина милион мигранти што транзитираат низ Република Македонија на пат кон Западна Европа “, рече министерот Попоски.

А на утрешниот состанок во НАТО се очекува Црна Гора да добие формална покана за членство во најголемата воена политичка организација во светот. Попоски истакна дека членствотот на Црна Гора, може да има само позитивен ефект на стабиолноста во регионот, и додаде дека и со овој партнерски однос кој нашата држава го има со НАТО Алијасата, имаме придобивки во делот на подобрување на имиџот на државата, странските инвестиции, и чувството на безбедност.

Американскиот амбассадор во Северната Алијанса, Даглас Луте, доцна синоќа во Брисел објави дека утре ќе се разговара за политиката на отворени врати на НАТО,и дека освен за Црна Гора, ќе се разговара и за Македонија, Босна и Херцеговина и Грузија.

Република Македонија од 2008 година ги исполнува сите услови за членство во НАТО Алијасата, од тогаш до денес единствената пречка останува наметнатиот спор за името од страна на нашиот јужен сосед.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ