Тероризам: Евакуација во Лондон и во Софија

01.12.2015 17:59

Полицијата спровела масовна евакуација поради страв од можен терористички напад...

Лондон бриџ, еден од најубавите мостови во престолнината на Англија е евакуиран денеска околу 14 часот, поради, како што е наведено, дојава за бомба.

Полицијата спровела масовна евакуација поради страв од можен терористички напад. Евакуирани се зградите околу мостот како и метро станицата во близина. Се уште нема дополнителни информации.

Претходно и бугарската полиција евакуираше дел од меѓународниот аеродром во Софија откако биле пронајдени сомнителни сомнителни торби.