Неновски: Ограничувањето на државните записи значи атак врз пазарноста на економијата
Експертите порачуваат- политиката да не се меша во одлуките на банките...

Банкарскиот сектор е стабилен, никој не може на банките да им го ограничи правото да купуваат државни хартии од вредност- велат економистите. Порачуваат- политиката да не се меша во одлуките на банките. Сунчица Николоска разговараше со универзитетскиот професор Томе Неновски.
Професоре како ја оценувате аукцијата?
Ова е една од вообичаените аукции, коишто редовно ги одржува Министерството за финансии за обезбедување доволна ликвидност за финансирање на тековните буџетски потреби и еден дел за покривање на буџетскиот дефицит, нешто што јас мислам беше планирано и веќе кога се донесуваше буџетот за 2015 година. Треба да се има во предвид дека секоја аукција во основа има прво задолжување, меѓутоа после задолжувањето државата оди кон раздолжување од страна на државата спрема банките врз основа на издадени запишани државни записи во претходниот период. Према тоа задолжување и заради раздолжување и ако остане некој дел, евентуално заради дофинансирање на буџетските потреби.
Државата во 2004 година воведе продажба на државни хартии од вредност, како го оценувате овој финансиски инструмент?
Точно така, тоа е финансиски инструмент кој е општо познат во развиениот свет, особено во западните економии кадешто државата по потреба се финансира со распишување емисии на државни хартии од вредност, било во форма на благајнички државни записи или во форма на обврзници, со цел обезбедување средства на финансискиот пазар за финансирање на буџетските потреби. Тоа го имаат речиси сите западни држави, пред се САД, коишто имаат и највисок буџетски дефицит, а кој во најголема мера го финансираат со издавање на т.н “треџери билс“ или државни записи. Па според тоа исклучително пазарен инструмент е којшто го користат пазарните економии, па и ние веќе 11-та година го користиме, којшто може да послужи и за финансирање на буџетските потреби, меѓутоа и за постепено развивање на пазарниот капитал во Македонија, каде што тие записи тие обврзници би се нашле на листингот на котирани хартии од вредност со кошто ќе може да котира секој којшто е заинтересиран за тоа.
Дали кој може да им го ограничи правото на банките да купуваат хартии од вредност?
Според прописите според правилата, меѓународните стандарди, нема никој освен банките, освен нивното собрание, нивните акционери, банките се профитни институции и тие секогаш бараат начин на финансискиот пазар да инвестираат во оние инструменти во коишто ќе им донесат одреден профит во дадена ситуација. Според тоа во Македонија не постои инструмент, не постои институција којашто ќе може да им забрани да купуваат хартии од вредност, па би рекол дури и НБРМ, која е единствено надлежна за контрола супервизија на банките и за регулирање на нивното работење не може да им го наложи тоа, затоа што ограничувањето на запишување државни записи во оваа ситуација практично значи атак врз пазарноста на економијата, врз нејзината функционалност, меѓутоа атак и врз профитабилноста на банките. Во спротивна ситуација тие би требало вишокот на ликвидност, а го имаат во огромна количина денеска да го пласираат во лоши пласмани. Никој во оваа држава не би сакал да ги види банките во таква ситуација, да кредитираат проекти, да имаат лоши пласмани во растечка големина, коишто еден ден би ги донеле во една банкрот ситуација. Да не заборавиме банките се најздравото ткиво во Македонија во овој момент, да ја задржиме таа здравост.
