Црна Гора е поканета да стане 29-та членка на НАТО Алијансата

02.12.2015 10:24

Генералниот секретар Столтенберг изјави дека одлуката е историска...

НАТО и упати покана на Црна Гора да стане 29-тата членка на Алијансата, во првото проширување после шест години. Генералниот секретар Столтенберг изјави дека одлуката е историска.

„Црна Гора се покажа на патот да воспостави владеење на правото. Од 2009 година соработуваме со Црна Гора во Акцискиот план за членство“, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Русија, која има имот и инвестиции во Црна Гора, ја предупреди Подгорица дека нејзиниот потег е закана за стабилноста на Западен Балкан и наводно се заканила со санкции и можно замрзнување на односите. Пристапните преговори се очекува да траат околу една година.

Амбасадорот на САД во НАТО, Даглас Лут изјави дека ќе се разговара и за напредокот на другите три кандидати - Грузија, Босна и Херцеговина и Македонија.