Рускиот бизнисмен го купи и ФК Вардар

Самсоненко црвено - црн до коска !!!

20.01.2014 13:53

Теоретски РК Вардар го купи ФК Вардар, практично нов сопственик на македонскиот шампион е рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Откако на првиот јавен повик немаше заинтересирани, на вториот РК Вардар, поточно Самсоненко понуди 81 илјада евра и ги откупи акциите на Град Скопје 51 и на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор 49 проценти. За да биде официјална трансакцијата треба да биде и формално верификувана на седница на Град Скопје.

Самсоненко ќе управува со ФК Вардар во наредните 10, со задолжителна обврска годишно да инвестира најмалку милион евра иако, според најавите, таа сума ќе биде поголема. Покрај вообичаените промени на претседателската позиција во клубот како и во одборот директори, се лицитира со нови имиња и во стручниот штаб и во листата на играчи иако вистинските засилувања веројатно ќе следуваат во летниот преоден рок.

Оваа промена беше и желба на навивачите на црвено – црните коишто очекуваат нов европски Вардар, по примерот на двата ракометни клуба каде што исто така сопственик е Самсоненко.