Турција бара алтернативи ако Русија ја прекине испораката на гас

02.12.2015 10:58

Москва се закани со суспензија на Турски тек и во моментов го врши снабдувањето преку црноморскиот Син Поток и Трансбалканскиот гасовод...

Турција разгледува алтернативи во случај Русија да ја прекине испораката на гас, но премиерот Давутоглу верува дека тоа нема да се случи.

Москва се закани со суспензија на Турски тек и во моментов го врши снабдувањето преку црноморскиот Син Поток и Трансбалканскиот гасовод.

Во меѓувреме, НАТО порача дека стои зад својата членка Турција по инцидентот со соборувањето на рускиот Сухој 24 и одобри нови мерки за одбрана и гарантирање на безбедноста.