ИДИЛ се шири во Либија

02.12.2015 11:20

Според извештајот на ОН, ИДИЛ е сепак само една од многуте ривалски милитантни групи што дејствуваат на либиска територија...

Исламска држава се шири и во Либија. Огранокот на џихадистичката група кој брои меѓу 2 и 3 илјади борци, манифестира јасни намери за преземање на поголем дел од територијата на оваа земја богата со нафта, додека двете паралелни влади се борат за превласт.

Според извештајот на ОН, ИДИЛ е сепак само една од многуте ривалски милитантни групи што дејствуваат на либиска територија.

Според дипломатски извори, Русија и САД соработуваат во Советот за безбедност за нови резолуции за спречување на финансирањето на Исламска Држава од продажба на нафта, која се проценува дека и носи од 850 илјади до 1,65 милиони долари дневно.