Делегација од Република Македонија на Министерскиот совет на ОБСЕ
Министерот Попоски ќе има свое обраќање на Министерскиот совет на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија...

Делегација предводена од министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува во работата на 22-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе се одржи на 3 и 4 декември 2015 година во Белград, Србија, соопшти МНР.
На состанокот на Министерскиот совет, министрите за надворешни работи ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на Српското претседавање со ОБСЕ. Воедно, се очекува да се усвојат и поголем број на Одлуки кои се во доменот на надлежностите на ОБСЕ, односно кои се однесуваат на неговите три димензии: политичко - воената, економско - еколошката и хуманата димензија.
Попоски ќе има свое обраќање на Министерскиот совет на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија. На маргините на советот, шефот на дипломатијата ќе оствари и поголем број на билатерални средби.
