Аерозагадување во Скопје, Тетово, Битола, Кичево и Кочани

02.12.2015 12:16

На мерната станица во Тетово во девет часот утрово се измерени 516 микрограми, а во текот на ноќта максималното ниво изнесувало 833...

Во Скопје, Тетово, Битола, Кичево и во Кочани утрово беше регистрирана висока концентрација на ПМ10 честичките, којашто генерално се  движеше од 100 до 300 микгрограми на метар кубен.

На мерната станица во Тетово во девет часот утрово се измерени 516 микрограми, а во текот на ноќта максималното ниво изнесувало 833.

Висока загаденост на воздухот беше измерена и на мерната станица во Битола, а во Скопје, најзагадено е во Центар со 296 микрограми, следуваат Карпош со 282, Гази Баба 194, Лисиче 172, а кај Ректоратот се измерени 150 микрограми на метар кубен.