Над 80 компании ќе понудат работа на Саемот за вработување во Скопје

02.12.2015 12:24

Вториот караван од Саемите за вработување кои што се во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија, понуди многу нови можности за вработување на невработените, а воедно и за активните баратели на нови работни позиции...

Повеќе од 80 компании ќе понудат работа на Саемот за вработување во Скопје кој започнува утре со почеток во 11:00 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Вториот караван од Саемите за вработување кои што се во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија, понуди многу нови можности за вработување на невработените, а воедно и за активните баратели на нови работни позиции.

На Саемот, ќе бидат застапени компании од различни категории, сѐ со цел овозможување богата понуда за што поголем број профили и струки. Во состав на саемот, посетителите ќе можат да слушнат и интервјуа со претставници на истите, кои ќе се одвиваат на главната сцена.

Саемите за вработување во 2015-та, досега посетија седум градови низ Македонија. По примерот на светските трендови, со Саемите за вработување им се дава можност на сите невработени луѓе државата, особено на младите, да дознаат што точно се бара на пазарот на труд и можност да остварат близок контакт со компаниите кои нудат работа и да аплицираат со свое CV за посакуваната работна позиција.