Иванов: Блокираниот прием создава фрустрации

02.12.2015 13:06

Македонија одамна ги има исполнето условите за членство во НАТО. Македонскиот шеф на државата смета дека блокираниот прием создава фрустрации кај македонските граѓани...

Претседателот Ѓорге Иванов на црногорскиот колега Филип Вујановиќ му ја честиташе поканата од Алијансата. Сепак, македонскиот шеф на државата смета дека блокираниот прием создава фрустрации кај македонските граѓани.

„Македонија одамна ги има исполнето условите за членство во НАТО, но поради блокадата од нашиот јужен сосед, сеуште сме во статус- кво состојба. За целата ситуација во изминатиот период информирав многу светски државници со кои остварив средби, на кои беше укажано на последиците од блокадите и статус- кво состојбата во која се наоѓа Македонија. Блокадите предизвикуваат фрустрации кај нашето население, но и кај целото општество. Македонија досега се покажа како почитуван и извонреден партнер на Алијансата и учествува во сите мисии во кои е поканета“, изјави претседателот Иванов.