Јолевски: Продолжуваме со заложбата за членство во НАТО
„Република Македонија ги исполни условите за да добие покана за полноправно членство во Алијансата уште во 2008 година на Самитот во Букурешт, но, заради познатата пречка ние се уште не можеме да ја добиеме поканата“, изјави Јолевски...

Република Македонија ги исполни условите за членство во НАТО уште во 2008 година на самитот во Букурешт. Ќе продолжиме и натаму за целосно да се интегриаме во НАТО, нагласи министерот за одбрана Јолевски.
„Република Македонија ги исполни условите за да добие покана за полноправно членство во Алијансата уште во 2008 година на Самитот во Букурешт, но, заради познатата пречка ние се уште не можеме да ја добиеме поканата“, изјави Јолевски.
Тој потсети дека вчера Собранието донесе одлука за нова ротација на припадници на АРМ во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, со што, истакна, покажуваме дека сме целосно посветени на овој процес.