Издадени нови 2.695 потврди за азил на странски државјани
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 1.190, од Авганистан 979 и Ирак 526...

За 24 часа издадени се потврди на вкупно 2.695 странски државјани, од кои 1.207 се од машки пол, 542 се од женски, 819 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 127 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 1.190, од Авганистан 979 и Ирак 526.
Во периодот од 19.06.2015 до 01.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 297.623 странски државјани, од кои, 171.055 се од машки пол, 46.812 се од женски, 63.895 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 15.861 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 176.004, потоа Авганистан 71.872, Ирак 28.309, Иран 6.231, од Пакистан 5.416, Палестина 2.158, Сомалија 1.276, Бангладеш 1.253, од Мароко 1.314, Конго 514, Алжир 453, од Либан 434, Нигерија 279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
