МРТ се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото“

02.12.2015 14:06

Покрај кејот на Вардар, во близина на зградата на јавниот сервис беа засадени дваесетина дрвца...

И Македонската радио телевизија се вклучи во акцијата „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“. Покрај кејот на Вардар, во близина на зградата на јавниот сервис беа засадени дваесетина дрвца.

„Денес и вработените во МРТ се вклучија во благородната акција Ден на дрвто- засади ја својата иднина. Засадивме дрвца кои ќе останат на младите поколенија после нас, како и да го оплемениме и уредиме дворот на МРТ, а со тоа и еден дел од центарот на Скопје“, изјави Орце Тодоровски, помошник- извршен директор на логистика во МРТ.

Ова е традиционално вклучување на националниот јавен сервис во акцијата „Ден на Дрвото“.