Тур-операторите да ги искористат зголемените субвенции за странски туристи

02.12.2015 15:03

За два ипол пати зголемени субвенциите за привлекување странски туристи во 2016- тата. Од 25 на 35 евра пораст на финансиската подршка од државнат каса за туроператорите кои ке донесат гости со чартер летови од Чешка, Словачка, Унгардија, Полска и Романија.

Од Скопје со директен лет до Берлин, Копенхаген, Братислава. Од 21- ви март два пати неделно со нискобуџетската „Виз ер“. За два ипол пати зголемени субвенциите за привлекување странски туристи во 2016- тата. Од 25 на 35 евра пораст на финансиската подршка од државнат каса за туроператорите кои ке донесат гости со чартер летови од Чешка, Словачка, Унгардија, Полска и Романија.

„Ова е добра можност и за домашните туристички агенции да ги проучат сите овие можности и да ги проучат пазарите во земјите каде што доаѓа до зголемување на субвенциите и да стапат во контакти со партнери од истите овие земји со цел уште во текот на зимските одмори да се обезбедат туристи кои ќе дојдат од странство во Македонија. Имајќи во предвид дека овие странски туристи придонесуваат за зголем девизен прилив во РМ, овој потег би бил добар како за туристичките агенции кои што се домашни за зголемување на нивниот профит, така и за општиот економски раст на Македонија, се разбира со осврт на туризмот и сите оние гранки кои што гравитираат кон туризмот“, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.