Македонското јагне ќе се извезува во Кина
Земјава извезува во кина вино, месо и мермер. Македонското јагне и домашните кланици ги задоволуваат европските и светските стандарди. Се уште е рано да се договара откупната цена, претходно треба да се договорат количествата за пласман на кинескиот пазар...

Македонското јагнешко месо ќе се најде и на кинеската трпеза. Количините и цената допрва ќе се утврдуваат. Македонското јагне и кланиците ги исполнуваат условите што ги бара кинескиот пазар.
„Сѐ уште е рано да се каже колку јагнешко и по која цена ќе извезуваме во кина. Количините допрва ќе се договараат. Битно е да ја исполниме нашата обврска, да ги отвориме вратите за пласман на сите пазари во светот, а компаниите, преку воспоставување партнерски односи, да договорат соработкапокрај јагнешко, додаде, во кина ќе има можност и за извоз на нус-производи со оглед дека тамошниот пазар е голем и не многу пребирлив“, изјави Зоран Поповски - директор на Агенцијата за храна и втеринарство.
Сточниот фонд во земјава се намалува, едногласни се и прозводителите и преработувачите. Земјоделците причината за тоа ја гледаат во ниските откупни цени, додека за кланичарите проблем е што никој не сака да чува овци. Само со добра соработка и стабилна политика, може да има резултати, велат земјоделците. Според нив за зголемувањето на фондот овци е неопходно откупната цена на јагнешкото да биде 150 денари преку целата година и 220 за празници.
„Мора да се преиспитаат производните трошоци, но и мелничарите да увидат колкав дел задржуваат за себе, а колку му даваат на производството кое, сепак, го има главниот збор“, вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијација на земјоделците.
„Проблемот за намалениот сточен фонд воопшто не треба да се бара во преработувачката индустрија која моментно работи со само десет отсто од капацитетите. Вината не треба да ни се префрла нам, туку да се бара на друго место. Сточниот фонд се намалува зашто никој не сака да чува овци“, вели Ристо Михајлов, кланица „Серта“.
Целта е да се зголеми сточниот фонд во земјава, затоа што покрај традиционалните купувачи на јагнешко месо од земјава како Италија, Бугарија, Хрватска и Грција, да се опслужат и други пазари.
Андријана Атанасовска
